Традиционално пред почетокот Скопскиот маратон, на 9-ти април (недела), ќе се одржи 5-тата по ред Женска трка во Градскиот Парк.
Таа е со должина од 2 км и на крајот од трката сите натпреварувачки учествуваат во наградна лотарија. Трката е организирана од Сојузот на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскиот Маратон, кој ќе се одржи на 07 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување. На маратонот досега се имаат пријавено над 1.500 учесници од 31 земја.
За Женската трка 2017 пријавувањето започна вчера, а сите кои ќе се пријават во првите 4 денови ќе можат да си го изберат стартниот број.
Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28-ми февруари, по што цените постепено ќе се зголемуваат.
Пријавувањето и регистрацијата за Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон.