Во сабота, 18 февруари во Домот на АРМ во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт за деца, под наслов „Сонот на вештерката“.
Диригент е маестро Борјан Цанев, а аниматор ќе биде омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведе дела од Григ, Дворжак, Сен-Санс, Штраус…
„Сонот на вештерката“ ќе донесе многу изненадувања и преку музика ќе ја раскаже приказната за една добра вештерка која што сонувала сите да ја сакаат.