На македонското претприемништво му е потребна млада и потентна индивидуа спремна да прави промени, која сака да направи разлика, меѓутоа да е доволно самокритична и да научи да се менува.
Ова се дел од советите и забелешките на Филип Арсов и Александар Радомировиќ во продолжението од третата епизода од подкастот „Skills that pay bills“ на Радио МОФ. (Првиот дел слушнете го ТУКА)
Меѓу другото, двајцата тренери на обуката за претприемништво, бизнис план, стартапи и иновативни бизнис технологии за Радио МОФ зборуваат за атрактивни стартапи, а прават и споредби со Македонија и најразвиените земји.
Во овој подкаст гостуваше и Љубомир Стојчески, коосновач на првиот ресторан со социјален бизнис модел, „Фрешис“, кој 34 отсто од заработката донира за храна за бездомни и социјално загрозени лица. Исто така, „Фрешис“ е добитник на втората награда за социјално претприемништво за 2016.
Целта на „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младина.
Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).