Милиони геј жени и мажи се уште живеат во страв низ светот, бидејќи голем број на земји се уште ги казнуваат истополовите врски со казни, долги затворски казни, па дури и со смрт.
Поради тоа, корисник на Reddit објавил мапа на која е илустрирано каде е се уште нелегално да се биде хомосексуалец, и како се казнува тоа „злосторство“.
Хомосексуалноста е законски казнива во дури 75 држави. Во осум, меѓу кои и Нигерија, Судан, Сомија, Саудиска Арабија и Иран, „прекршителите“ се соочуваат со смртна казна.
Земјите обележани со црвено покажуваат каде сета хомосексуална активност е нелегална, портокаловото покажува во кои земји е илегално само за мажи.
Дури и во некои од земјите каде што хомосексуалноста е легална, како Русија, Литванија и Јордан, сепак е нелегално да се шири „геј пропаганда“.
Севкупно, околу 40 проценти од светското население живеат во земји каде геј луѓето можат да бидат осудени поради својата сексуална ориентација. Повеќе од 400 милиони живеат во земја каде да се биде геј се казнува со егзекуција.
Од 1990, 40 земји ја декриминализираа хомосексуалноста, а повеќе од 30 ги забранија со закон хомофобичните злосторства од омраза.
Повеќе од 60 години сега со закон ги штитат ЛГБТ лицата на работното место, а 15 дозволуваат истополови бракови.