Твитер профилите на меѓународни организации, медиуми и на политички партии се хакирани, а веројатно зад тоа стојат Турците, пишува „Раша тудеј“.
Во објавите на „Твитер“ на официјалните профили на УНИЦЕФ САД и „Амнести интернешенел“ се наоѓа симбол свастика, како и хаштаговите „нациГерманија“ и „нациХоландија“.
„Се гледаме на 16 април“, пишува на еден твит, со кој се алудира на на референдумот во Турција, со кој би можело да се зголемат овластувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Исто така, твитовите содржат и линкови од „Јутјуб“, на кои се неколку снимки од Реџеп Таип Ердоган.
Amnesty International, Polar Seltzer, UNICEF USA, others among targets of suspected Twitter hack – The Boston… https://t.co/lNfUpV8xhY World pic.twitter.com/JDKug7SFfW
— mediat business (@mediat_biz) March 15, 2017
Сè уште не е јасно кој стои зад хакирањето, а „Булмберг“ пишува дека оштетен е „Ројтерс Јапонија“, „Форбс“, „Би-би-си“ за Северна Америка и германскиот весник „Велт“.
Хакирани се профилите на градоначалникот на Бордо, Ален Жипе, и на Марсело Клор од Европскиот парламент.