Во рамките на серијалот „Европскиот филм зборува“, утре во 19 часот, во ЕУ Инфоцентар во Скопје, ќе се емитува филмот „Хари Браун“ во режија на Даниел Барбер.
Филмот беше прогласен за најдобар британски филм во 2010 година според Empire Awards, UK.
Серијалот, на кој се прикажуваат наградувани европски филмови придружени со дискусија, се организира во рамките на програмата Културни приказни со која се промовира европската култура преку изложби, џем сесии, филмски проекции, предавања и останати возбудливи културни настани. Следен филм во серијалот е Un Coeur en Hiver (1992).
Програмата Културни приказни е организирана од Делегацијата на ЕУ и ЕУ Инфоцентарот во соработка со бројни партнери.