Веб страницата на Study.EU ја објави годишната ранг листа на триесет европски држави, според нивната атрактивност за интернационалните студенти.
На врвот на листата е Германија, која од вкупно 100 поени има 83,2, според повеќе критериуми.
Велика Британија е на второ место, а Холандија на трето.
Листата се пресметува според три фактори – квалитет на образование, чинење, квалитет на животот и кариерни можности после добиената диплома.
Германија е прва и на листата на најквалитетно образование, додека Унгарија е најевтина. Меѓу првите три се и Србија и Полска.
Веика Британија е прва во однос на квалитетот на живот на своите странски студенти, како и на можностите за развивање на кариерата откако ќе ги завршат студиите.