Неколкумина популарни ЛГБТ влогери на Јутјуб објавија дека мрежата за споделување видеа ги споделува нивните објави во одделот за ограничен пристап, за да ги сокрие некои од нивните видеа.
„Рестриктираната содржина“ на Јутјуб, според Гугл, им овозможува на корисниците да филтритаат „содржина која потенцијално ќе предизвика поплаки“, што доведе до тоа некои ЛГБТ активисти и влогери да го обвинат Јутјуб дека имплицитно го категоризира нивниот материјал како „непогоден за семејства“.
Британската влогерка Роуан Елис за Gizmodo изјавил дека „има пристрасност во процесот на тоа, што придонесува ЛГБТ содржината да не е „family friendly““.
За Gizmodo од Јутјуб изјавиле дека „некои видеа кои покриваат теми како здравје, политика и сексуалност може да не им се појавуваат на корисниците и институциите, кои решаваат да ја користат алатката за рестрикција на одредени содржини“.
Во неделата вечерта, од Твитер профилот на Јутјуб беше објавено дека „се многу горди што го претставуваат гласот на ЛГБТК+ заедницата на нивната платформа“, и дека се клучен дел од тоа за што се залага Јутјуб.
A message to our community … pic.twitter.com/oHNiiI7CVs
— YouTube Creators (@YTCreators) March 20, 2017
Објаснија дека намерата на категоријата за ограничен пристап е да се филтрира содржината за возрасни за минималниот дел од корисниците, кои сакаат поограничено доживување.
Додаваат и дека го ценат фидбекот на корисниците и страста да го направат Јутјуб толку инклузивна, различна и динамична заедница.