Индискиот уметник со песок, Сударасан Патнаик на уникатен начин се приклучи кон глобалната акција за денешниот Светски ден на водата. Тој креираше серија на песочни скулптури кои ја потенцираат важноста на штедењето вода.
Светскиот ден на водата за оваа година е посветен на отпадните води. Според Обединетите Нации, преку 80% од целата отпадна вода од нашите домови, градови, индустрија и земјоделство се враќа назад во природата и ја загадува животната средина.
On #WorldWaterDay, I appeal all to please save and not waste water. Few of my SandArts at #Puri beach, Odisha pic.twitter.com/xsVAMiiEsP
— Sudarsan Pattnaik (@sudarsansand) March 22, 2017
УНИЦЕФ, пак, преку фотогалерија прикажува делови од секојдневието со кое се соочуваат повеќе од 5 милиони луѓе во Јужен Судан кои немаат пристап до безбедна и чиста вода. Жителите на оваа држава поголемиот дел од денот го трошат во долги потраги и носење садови со оваа скапоцена течност неопходна за живот.
Фотографиите се дело на Мекензи Ноулс-Корсин за Асошиејтед Прес: