Употребата на „извини“ во секојдневната комуникација, дали модерната технологија може да го замени живиот преведувач и колку е расистичка „Хаклбери Фин“? Ова се само дел од темите кои на 1-ви април на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе ги излагаат студенти од повеќе факултети, на третото издание на студентската конференција „Како си ми?“
„Идејата е со оваа конференција да го поттикнеме интересот кај студентите за истражувачка работа, јавна презентација и дискусија на темите што нè интересираат за време на нашите студии“, соопштуваат организаторите.
Тие додаваат дека конференцијата е отворена за сите заинтересирани да ги поддржат излагачите и кои би сакале да се вклучат во дискусиите.
Целосната програма на конференцијата, заедно со сите апстракти може да ја погледнете на следниов линк: http://tinyurl.com/jnvqtuh