Програмата за мали грантови, обезбедена од Делегацијата на Европската Унија, одвои средства за финансиска поддршка на девет градинки чија цел во иднина ќе биде да спроведуваат еколошки проекти.
Програмата е дел од кампањата „ЕУ за Тебе“ што ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО. Нејзина цел е да промовира заштитата на животната средина преку поттикнување на еко градинките да развијат и имплементираат практични еколошки проекти на теми како: енергија, вода, управување со отпад и чист воздух.
Преку проектот на девет градинки им беа доделени грантови во висина од 1 000, 700 и 500 евра.
Како резултат на процесот на селекција од официјалниот повик од „Програмата за мали грантови“, беа наградени градинките: „Астиво“ во Штип, „Гоце Делчев“ во пробиштип, „Димче Мирчев“ во Велес, „Вера Циривири Трена“ во Штип, „Детска радост“ во Гази Баба“, „Срничка“ во Аеродром“ и „Гоце Делчев“ во Илиндин.