Долниот дом на италијанскиот парламент почна да дискутира за предлог-закон, кој доколку биде усвоен, ќе ги принуди сите компании и институции да им дадат на жените три дена платен одмор секој месец, бидејќи трпат менструални болки.
Доколку италијанските пратеници го изгласаат законот, Италија ќе стане првата западна земја која направила ваков чекор. Италијанското издание на магазинот Мари Клер го нарече чекорот „носител на нови стандарди за прогрес и социјална одржливост“.
Сепак, пишува Вашингтон Пост, не е се позитивно во врска со овој закон. Италија е една од најлошите земји кога станува збор за учеството на жените во активната работна сила. Само 61 процент од Италијанките работат. Европскиот просек е 72 проценти.
Дополнително, да им се овозможи на жените да имаат три слободни дена секој месец ќе се испостави непродуктивно за компаниите, што би можело да ги натера да избираат мажи наместо жени за истата работна позиција.