Слушнете го продолжението од петтата епизода од подкастот „Skills that pay the bills“, кое Радио МОФ го посвети на водење на невладини организации и развој на проекти, како и за активностите за подигнување на претприемачката култура.
Разговараме со Марија Мирчевска и Мартин Алексоски, тренери од обуката за „Водење на НВО и развој на проекти“. Тие даваат свои ставови за моменталната ситуација на граѓанските организации, на што треба да се обрне внимание при оформување на НВО, за облиците на здружување, но и за бенефитите и промените кои организациите ги прават во општеството.
Исто така, зборувавме и со Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија, дел од глобалната ЦЕФЕ мрежа на организации која работи во околу 140 земји во светот, менаџирана од ЦЕФЕ Интернационал Германија. Визијата на организацијата е „формирана претприемачка култура и зголемена вработеност кај населението“.
Целта на подкастот „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младинa.
Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).
Првиот дел од петтата епизода може да го слушнете ТУКА.