Утре, 7 април, во 11:30 часот во Основниот суд Скопје 1 ќе продолжи судењето на нашиот член Здравко Савески заради неговото учество во протестите против ненародната власт од минатата година, велат од партијата Левица.
„Поради континуираните одложувања на рочиштата поради различни причини, објективни и субјективни, процесот против него трае веќе една година. Бавната правда е веќе неправда! Но, нема да го скршат и нема да нè скршат!“, соопштуваат од Левица.