Група студенти на Џон Ф. Кенеди Факултетот за администрација при Универзитетот Харвард, формираа „школа за отпор“ за да се борат против политиките на Трамп.
„Школата“ е четиринеделен бесплатен курс, формиран од учениците кои не се согласуваат со вредностите врз основа на кои беше избран новиот претседател.
На веб страницата на курсот се објаснува: „Ние сме група прогресивни дипломци на Харвард, кои се сплотија како одговор на изборот на Доналд Трамп, со желба да помогнеме да ја трансформираме нашата земја за подобро да ги одразува нашите заеднички вредности“.
„На 8 ноември, изгубивме повеќе од претседателството. Изгубивме и повеќе во повеќедецениската кампања против прогресивните вредности. Републиканците сега го контролираат Сенатот, Претставничкиот дом, и повеќе државни законодавни тела, отколку што имаа во речиси 200 години. Тие загуби го зацврстија правото да се започне отворен напад против вербата на нашата нација – дека сите луѓе се создадени еднакви“, пишуваат студентите.
Курсот има за цел да „ги зацврсти алатките кои ни требаат за да се избориме пак на федерални, државни и локални нивоа“, и „да се зачуваат плодовите на отпорот живи, преку конретно учење, заедништво и напредна акција“.
Школата не е директно поврзана Факултетот Кенеди, и е сосема водена од самите студенти. Зборувајќи за Бостон Глоуб, студентите се споредиле себеси со реална „Армија на Дамблдор“ од серијалот книги „Хари Потер“.