Норвешка доби средства за првиот тунел за бродови на светот, кој ќе биде долг 1700 метри, а ќе минува низ каменест полуостров. Со тоа, бродовите ќе можат да избегнат опасен дел од морето.
Тунелот за бродови Штад, низ кој ќе можат да минуваат товарни и патнички бродови кои тежат до 16000 тони, се очекува да се отвори во 2023 година.
Ќе биде висок 37 метри, а широк 26,5, според Норвешката крајбрежна администрација,се очекува да чини најмалку 2,7 круни милијарди норвешки круни.
Министерот за транспорт на Норвешка,Кетил Солвик-Олсен, вели дека морските струи и подводната топографија во југозападниот брег на државата „резултираат во исклучително комплексни услови со брановите“.
Плановите за градење на тунел за бродови во Стад се прават веќе неколку години, но конечно за тоа има и буџет.
„Задоволни сме што тунелот за бродови сега ќе стане реалност“, вели Солвик-Олсен.