Кои се најгледаните реклами на сите времиња на интернет? Одговорот лежи во најпосетуваниот видео-сајт, Youtube, откаде група новинари и истражувачи од сајтот составија листа на 20 најгледани пропагандни пораки. Од листата се исклучени филмските трејлери, како и „забранетите“ рекламни клипови. Еве ги рекламите со најголем број „кликови“ на Youtube:
Dove – Evolution. 15 милиони луѓе ја виделе прочуената вирална реклама од 2006, која е добитник на две гран-при награди на Канскиот филмски фестивал, а според компанијата, донела 150 милиони долари во публицитет, иако нејзината изработка чинела само 50.000 долари.
Chrysler – Born Of Fire. Рекламата во која се појави Еминем, изработена специјално за „Супер Боул“ во 2011, досега ја имаат погледнато 15.700.000 луѓе.
Honda: Matthew’s Day Off. Рекламата на јапонскиот автомобилски гигант беше онлајн-хит уште пред да започне “Супер боул“ минатата година. Метју Бродерик ќе ви објасни зошто:
Samsung: Extreme Sheep Art. Велшкиот овчарски шампион Гери Луис, заедно со филмската екипа на Самсунг во 2009 ја создадоа оваа оригинална реклама. Потоа признаа дека еден нејзин дел е монтиран дигитално.
Kia: Dancing Hamsters. Корејскиот производител на автомобили постигна очекуван успех со оваа скапа реклама, режирана од генијалниот Марк Романек:
Acura: Transactions. Подзаборавениот Џери Зајнфелд покажува дека се уште е миленик на публиката во оваа реклама, која ја виделе над 18 милиони луѓе на Youtube.
Nike: My Time Is Now. Реклама која и добро позната на публиката насекаде низ светот. Особено популарна за време на Еввопското фудбалско првенство во 2012.
M&Ms: Just My Shell. Реклама чиј неофицијален аплоуд на Youtube го виделе над 22 милиони луѓе. Официјалната верзија има нешто помалку од 4 милиони прегледи.
Modern Warfare 3: The Vet & the Noob. Видео-играта заработи на една милијарда долари, меѓу другото благодарејќи и на оваа исклучителна реклама:
DC Shoes: Ken Block’s Gymkhana Five. Уште едно легендарно интернет – парче на оваа листа, дело на одличниот екстремен возач Кен Блок. Видено над 38 милиони пати.
T-Mobile: Royal Wedding. Експлоатирајќи го еден од најактуелните настани на 2012, телекомуникацискиот гигант успеа да привлече речиси 27 милиони гледачи за оваа реклама.
World of Warcraft: Chuck Norris. Уште една експлоатација на актуелен интернет-мит беше рецептот за успех на оваа реклама, која досега ја имаат погледнато речиси 32 милиони луѓе.
Axe: Billions. Производителот на дезодоранси секогаш му дава високо значење на виралниот маркетинг. Доказ за тоа е успехот на оваа реклама, која има речиси 40 милиони прегледи на Youtube.
T-Mobile: Dance. Овој флешмоб-спот, изработен од Saatchi & Saatchi во 2009 во Лондон, е еден од најуспешните рекламни спотови на Т-Мобиле на сите времиња. Го виделе скоро 37 милиони луѓе.
Pepsi: Kung-Fu. Овој „антички“ телевизиски спот од 2002 и ја должи својата популарност на сличноста на детето со главниот лик од филмот „Аватар“. Досега рекламата ја виделе над 42 милиони луѓе.
Old Spice: The Man Your Man Could Smell Like. 44 милиони прегледи за оваа реклама – феномен од 201о.
Pepsi: Pepsi Generation. Стара речиси 30 години, оваа реклама со Мајкл Џексон и неговите браќа и натаму е меѓу најпопуларните пропагандни пораки. Ја виделе преку 47 милиони гледачи.
Volkswagen: The Force. 55.700.000 прегледи на Youtube
Evian: Roller Babies. Бебињата на ролерки очекувана станаа вирална сензација. Со над 65 милиони прегледи, оваа реклама е на второто место на најгледаните реклами на сите времиња.
Angry Birds: Trailer. Во последните пет години, ниту една реклама не може да му се доближи на овој анимиран трејлер за играта Angry Birds, кој храбро чекори кон 100 милиони прегледи на Youtube (досега 86.8 милиони).
Извор: Adweek