Либерта институт – Центар за политички и економски истражувања во сабота (12 јануари) во 11 часот во хотелот „Александар палас“ ќе ја одржи првата во серијата јавни дебати на тема: „Од Диктатура до Демократија“.
На дебатата ќе говорат: Иван Андриќ, Пратеник на ЛДП во српското собрание и поранешен лидер на движењето ОТПОР, Арсим Зеколи, политички аналитичар и блогерот и активист Алекс Букарски. Модератор на дебатата ќе биде извршниот директор на Либерта институтот, Едмонд Адеми.