12-годишниот Британец Џек Хил, кој го држи Гинисовиот рекорд за најмлад диџеј, работи на сопствена продукција, затоа што сака да стане и најмладиот дабстеп – продуцент во светот, јавува ББЦ.
Седмоодделенецот од градот Вестон испратил своја музичка нумера до Гинисовата книга на рекорди, која ја изработил самостојно. Сега, го очекува резултатот – дали ќе биде прогласен за намладиот светски композитор. Неговата песна со наслов „Club DJ“ е снимена на почетокот на декември во Бристол. Погледнете го Џек Хил во акција, во ова видео од 2009: