Демократијата во Македонија назадува, а случувањата во Собранието од 24 декември беа само потврда на губењето на демократските вредности во македонското општество, сметаат учесниците на дебатата „Од диктатура до демократија“, која денеска (12 јануари) се одржа во Скопје. Тие се согласија дека е потребна силна иницијатива за мобилизација на граѓаните околу заштита на постоечките и враќање на изгубените демократски придобивки, особено во слободата на говорот.
За блогерот и активист Алекс Букарски, предуслов за каква било дебата во моментов е согласноста дека владата на Никола Груевски мора да падне. Деградацијата на демократските слободи е особено забележлива во медиумските слободи, смета Букарски.
Aleks Bukarski – debata “Od diktatura do demokratija” by Radio Mof on Mixcloud
Политичкиот аналитичар и дипломат Арсим Зеколи вели дека актуелната влада презема чекори слични на политиката на Маргарет Тачер кон политичките противници – во тек, според Зеколи, е изолација, криминализација и деморализација на сите кои не размислуваат како власта.
Arsim Zekoli – debata “Od diktatura do demokratija” by Radio Mof on Mixcloud
Српски „Отпор“ е основан 1998 како студентско движење кое се противело на тогашниот закон за високо образование во Србија, со кој владата директно ги поставувала ректорите на универзитетите и ја гушела нивната слобода и независност . Според еден од основачите на движењето кое го предводеше соборувањето режимот на Слободан Милошевиќ, уште една сличност на состојбите во денешна Македонија со тогашна Србија се гледа во постојаната кампања за девалвирање на опозицијата и нејините лидери, што било еден од темелите на владеењето на Милошевиќ. Според Андриќ, кој денеска пратеник во српското собрание, сите балкански народи мораат да сфатат дека самите треба да се изборат за слободите и придобивките на 21 век, ако сакаат да станат дел од западниот свет.
Ivan Andric – debata “Od demokratija do diktatura” by Radio Mof on Mixcloud
Дебатата ја организира институтот „Либерта“, откаде најавуваат дека во идните недели и месеци ќе организираат серија слични дебати на оваа тема.