Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал, утре, 27 април, ќе се одржи работилница за анимиран филм со Берин Тузлиќ, уметник од Сараево.
Работилницата се состои од три сегменти: видеа од Ричард Вилијамс, интерактивен edutainment и видео цртање со тајминг музика, комбинирана техника Фазонатор.
Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт филм, изработка на реклами и стрипови. Неговиот филм „Сараево, не знам кога и не знам каде сум“ е добитник на 33 награди, покрај останатите наградувани филмови „Страшила“, „Бегам и кога не сум крив“, „Фазонатор“ и други.
Автор е на повеќе од 10.000 минути арт и рекламни анимации.
Тузлиќ е претседател е за БиХ на АСИФА, светско здружение на аниматори. Претседател е и на НВО Pixel.ba од Сараево за аудио-визуелни комуникациски вештини. Коспоственик е на најголемата адвертајзинг агенција и продукција „Виамедиа“ во Бих, која има свои подружници во три земји.
Работилницта ќе се одржи во Кинотека на Македонија од 12 часот.