Претседателот Ѓорге Иванов апелираше на смиреност и на ненасилство откако демонстранти од „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието, а притоа беа нападнати пратеници и новинари.
Во своето обраќање до јавноста, Иванов апелираше и на почитување на Уставот и законите на Република Македонија.
Исто така, за утре повика на лидерска средба со првите луѓе на партиите.