Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во Собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир.
Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземеле дополнителни мерки и активности со цел, како што велат, заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.
„До 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми септември, Градска болница Св Климент Охридски и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица. Во моментов во Собрание на Р. Македонија нема повеќе граѓани, а граѓаните кои протестираа се надвор oд собранието“, соопштуваат од МВР.