Се уште неидентификуван маж попладнево со секира свирепо уби куче пред кафулето Радио Бар. Како што тврдат очевидците, мажот излегол од зградата која се наоѓа веднаш до кафулето. Убиството се случило некаде околу 19 часот.
Присутните кои го посведочиле крвавиот настан, меѓу кои и актерот Висар Вишка, споделија видео и фотографии на кои јасно се гледапостариот маж, кој како што трвдат, дошол со секира и го убил кучето.
На видеото тој вели дека кучето го имало нападнато и дека лаело, па тоа била причината поради која го убил.
Според оригиналната објава (видеото има вознемирувачки сцени) на Фејсбук, случајот е веќе пријавен во полиција, а освен за убиство на животно според Законот за заштита и благосостојба на животните, сторителот треба да одговара и за вознемирување и нарушување на јавниот ред и мир. На Фејсбук е потенцирано и дека во кафулето има список на очевидци кои се спремни да сведочат за настанот, како и дека моментално бараат адвокат.