Македонија е во групата „делумно слободни“ земји во најновото издание на „Слобода во светот“, годишен извештај на невладината организација за човекови права со седиште во Вашингтон, Фридом хаус. Во извештајот се констатира дека генерално има пад во почитувањето на слободите насекаде во светот.
Во извештајот се оценува состојбата со почитувањето на човековите права и на политичките слободи во 195 земји во светот во текот на минатата година, Македонија се најде во групата на „делумно слободни“.
„Исто така откривме растечка софитицираност на современите диктатори. Тие се флексибилни, тие ја изобличуваат и ја злоупотребуваат правната рамка, тие се вешти во техниките на модерната пропаганда“, вели
Сепак, најкарактеристично за минатата година е тоа што евроазискиот регион, односно земјите од поранешниот Советски сојуз, без Балтичките, им конкурираат на оние на Блискиот Исток како политички најрепресивни региони во светот. Според извештајот, „враќањето на железната тупаница во Русија“ му даде тон на целиот регион.
Во извештајот на Фридом хаус се наведува дека иако бројот на земјите рангирани како слободни порасна на 90, три повеќе од претходната година, сепак 28 земји покажале значително опаѓање. Или, како што се оценува, ова е седма година по ред во која има поголемо уназадување, од напредок.