Дел од структуритена МВР предизвикаа многу штета на земјата и демократските вредности. Во четвртокот (во Собранието н.з.) се случи големо зло. Да ја поправиме штетата ќе треба многу време и ангажман не само од служите на МВР, туку и другите институции како Обвинителството и судството, рече министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.
На денешната прес-конференција, Нухиу информираше дека формирал работна група составена од професионалци од МВР која, како што рече, има задача да утврди дали оперативниот штаб и организициските единици во министерството во четвртокот постапувале по прописи и обврски. Заклучоците од извештајот на оваа работна група ќе биде дел од известување до Основното Јавно Обвинителство.
„Ги повикувам сите вработени во МВР да се активираат и доставуваат материјали од случувањата во четвртокот. Враќање назад нема, секој ќе одговара за своите постапки“, потенцираше Нухиу.
Исто така, информираше дека до Владата поднесол предлог за разрешување на првиот човек на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, за кој уште претходно рече дека за „црниот четврток“ воопшто не бил достапен докај 20 часот. Истовремено, со писмена наредба за координатор на Оперативниот штаб го назначил Горанчо Савоски, државен советник од Бирото за јавна безбедност.
Нухиу апелираше до службите во МВР „сите заедно да бидеме еден покрај друг“.
„На МВР му се потребни професионалци кои во иднина ќе бидат столб. Големо значење минатито четврток имаа и медиумите. Изразувам надеж дека со своето професонално известување ќе да дадат прододенс за демократијата во Македонија“, рече Нухиу, кој не одговараше на новинарски прашања.