Балкански здравствени болести

Додека јазот на сиромаштијата продолжува да се проширува помеѓу земјите во Еврозоната, работните места во југоисточна Европа исчезнуваат со алармантна стапка. Сите сме слушнале за „мерките за штедење“, каква што беше најавата за укинување на програмата за размена на студенти „Еразмус“. Повеќето „железни тупаници“ во Европската унија го поддржуваат генерализираното штедење како единствено решение за кризата, иако спроведувањето на овие мерки е контроверзно, а ефектите се далеку од очигледни. Ова е логично, затоа што мерките за штедење не стигнуваат до изворот на кризата:  финансискиот сектор.

Дали кризата ја засегнува здравствената заштита? Според последниот Euro Health Consumer Index (EHCI) 2012, кризата имала многу благ ефект врз здравствените системи во Европа. И покрај ова, ситуацијата не е подеднакво лоша низ цела Европа. Изненадувачки, некои источноевропски земји покажуваат добри резултати (Чешка, Словачка), а ова подобрување посебно зачудува ако се земат предвид нивното многу помало трошење за здравствени услуги по глава на жител. Од друга страна, нема добри вести за Бугарија и Романија – иако влегуваат во нивната шеста година како членки на Унијата, тие остануваат заковани за дното според економски релевантните показатели, но и според квалитетот на услугите.

Со оглед на тоа што Македонија е земја-кандидат и директен сосед на Бугарија, нејзиното вклучување се чинеше релевантно:

Здравствени болести

Во сите три земји, владите трошат помеѓу 6.9 и 7.1 проценти од Брутодомашниот производ на здравствени услуги, едвај повеќе отколку во Латвија и во Србија, чии здравствени системи лошо котираат во истражувањата. Од друга страна, западните земји-членки не само што имаат многу поголеми државни буџети, туку одделуваат најмалку 10 проценти од нив за здравството. Уште еден забележлив тренд е тоа што оперативни трошоци се огромни, но вкупното трошење на здравството е ниско. Со други зборови, луѓето не одат често на лекар, но кога одат, тоа ги чини многу (уште едно можно објаснување е дека луѓето во овие земји се здрави и немаат потреба од лекари, но имам сомнежи околу валидноста на ова тврдење.)

Во Македонија и во Романија има голем недостаток од лекари, а во Романија посебен проблем е падот во имунизацијата на децата. Ова се гледа како закана за јавното здравје во целина, затоа што вакцините и натаму се единствената линија на одбрана против многу болести.

Но, овие податоци не ја даваат целосната слика. Во истражувањето на (EHCI) 2012 е вклучен и квалитетот на здравствените услуги во секоја земја. Не очекував чуда,  но морам да кажам дека имав потешкотии, затоа што сите релевантни показатели што сакав да ги вклучам беа депресивно лоши.

Балкански здравствени болести

Изгледа дека во нашите три омилени земји, слабите здравствени услуги се стандард. Бугарија, Македонија и Романија, заедно со Србија, Латвија и Албанија се местата во кои и луѓето годишно трошат најмалку на здравствени услуги (под 1.000 долари годишно, додека во западна Европа и во нордиските земји овие трошоци инзесуваат помеѓу 2.700 и 3700 долари).

Ако лошото здравство можеше да се лекува, ќе можеа ли нашите влади да го платат третманот?

Автор: Рајна Стамболиска, Бугарија, членка на Global voices

http://futurechallenges.org/local/healthcare-ailments/