Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, им подлегнал на повредите откако утринава бил застрелан со огнено оружје, потврдуваат од Медицинскиот центар во Тетово за „Мета“.
Неофицијално, убиството го извршил вработен во општината кој наводно добил отказ од работа. По убиството, А.Ќ се обидел да се самоубие.
Полицијата работи на расветлување на случајот од каде што се очекуваат и подетални информации.