Андријана Пејчиновска, Јаков Шаревски и Анастасија Марковска беа најдобрите дебатери на Националното дебатно првенство за дебатери средношколци, кое на 5-ти и 6-ти мај се одржа на Универзитетот ФОН во организација на Дебатната програма на Младинскиот образовен форум.
Тие освоија најмногу лични поени во напреварот за титулата Национален дебатен шампион, во кој учествуваа вкупно 45 дебатери, распределени во 15 тимови. Во реализацијата беа вклучени и повеќе од 30 дебатни судии.
Тезите на кои се дебатирше во четирите прелиминарни и финалната рунда беа од областа на „Вештачката интелегенција“ и „Државното и политичко уредување“ за кои дебатерите имаа еден месец да подготват случаи. Полуфиналната теза беше зададена на денот на настанот и дебатерите кои се натпреваруваа за своето место во финалната рунда имаа 45 минути да ја подготват својата аргументација на зададената теза.
Тимовите кои учествуваа во финалето беа составени од:
Јаков Шаревски, Анастасија Марковска и Ана Угрова – прво пласирани на овој турнир.
Ања Дамеска, Кристијан Самарџиски и Теа Вељковиќ кои се пласираа на второто место.
Овие дебатери ќе ја претставуваат Дебатната програма на МОФ, а воедно и Македонија, на интернационалната дебатна академија која ова лето ќе се случува во Чешка.
„Со организирањето на овој настан, МОФ традиционално обезбедува платформа за примена на дебатните и аргументациските вештини кои дебатерите ги стекнуваат во текот на нивната дебатна обука во текот на целата академска година. Освен што добиваат шанса за учество компетитивна дебата, средношколците дополнително истражуваат и се едуцираат во определени области избрани за конкретниот турнир“, соопштуваат организаторите.
Турнирот беше дел од активностите на Дебатната програма на МОФ, поддржан од Фондацијата отворено општество Македонија, а организаторите изразуваат благодарност на Универзитетот ФОН и Нескафе, кои го помогнаа настанот.