Дурловски со Орден за заслуги за Македонија од Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов му врачи Орден за заслуги за Македонија на оперскиот пејач Игор Дурловски, како директор на Македонската опера и балет.

Иванов во говорот посочува дека на овој начин се оддава признание за успешното промовирање на македонското и светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност.

ФОТО: pretsedatel.mk

ФОТО: pretsedatel.mk

„Овој орден е признание за улогата што Македонската опера и балет ја има во победата на креативноста над деструктивноста и музиката над тишината“, додава Иванов во своето обраќање.

Дурловски беше еден од предводниците на иницијативата „За заедничка Македонија“. По упадот и насилството врз пратениците во македонското Собрание, за време на протестите на 27-ми април, тој се откажа од организирање на протестите, но останува учесник и поддржувач на иницијативата.

Дурловски во пленарната сала на Собранието за време на упадот и насилните инциденти на 27-ми април

Дурловски во пленарната сала на Собранието за време на упадот и насилните инциденти на 27-ми април