Успешна приказна на Бујамин Јакупи

Bujamin-1

Како членови на дебатниот клуб кој што беше организиран од страна УСАИД Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието во нашето училиште, научивме многу нови нешта, почнувајќи од вештини за дебатирање. Со предавањата и работилниците го развивме нашиот начин на размислување и изразување во текот на една дебата. Исто така беше интересно да се работи во тим со повеќе луѓе во којшто сите даваа нивни идеи и сите идеи се земаа предвид, а потоа најдобрите беа одбрани за дадената тема. За време на овој проект, стекнавме нови пријатели со коишто се согласуваме, а исто така и научивме за нивната култура, традиција и религија на нашите македонски и турски пријатели. Исто така, имавме можност да го подобриме нашиот македонски јазик, а по малку и турскиот. Јавната дебата која што се случи во нашето училиште е важен настан којшто го одржавме додека го работевме овој проект. Имавме можност да дебатираме пред нашите професори, родители и пријатели. За нас чувството беше посебно. Тезата на оваа дебата беше „Гласањето на секои избори во едно демократско општество треба да биде задолжително“. Таа беше наш успех и успех на членовите на Младински Обраовен Форум бидејќи се што научивме за време на тие месеци беше изразено во таа дебата. Тимот во којшто бев член беше негативен и се обидовме да ѝ се спротивставиме на тезата за задолжително гласање и да ја убедиме публиката дека истото не треба да биде задолжително бидејќи гласањето е право на поединецот.

Ќе продолжам да учествувам во овој проект бидејќи ми се допаѓа тоа што сум дел од ваквите образовни и мултикултурни активности. Многу сме им благодарни на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и организацијата Младински Образовен Форум, кои ги овозможуваат овие активности; ова е многу важно за нашето општество.

Повеќе за проектот на USAID за меѓуетничка интеграција во образованието прочитајте тука.