#ДрагГрадоначалнику

Вклучувањето на граѓаните во локалното владеење е појдовна точка на нашата нова кампања. Под хаштагот #ДрaгГрадоначалнику во следниот период ќе поттикнуваме активни учесници, а не неми набљудувачи на случувањата во општините.

Ќе опфатиме теми на локално ниво кои ги засегаат сите генерации, без разлика дали се проблеми врзани со животната средина, образованието, културата, или пак за подобрување на капацитетите и надлежностите на локалната администрација. Сите овие работи се важни и треба да бидат приоритет.

Со кампањата отвораме и можност секој граѓанин, во секое време, да ни праќа и посочува одреден локален проблем. На info@radiomof.mk и социјалните мрежи со хаштагот #ДрaгГрадоначалнику или #ПријавиПроблем пишувајте и/или праќајте фотографии за вашата локална депонија, улица, училиште, за несовесно работење на претпријатие, за граѓанска некултура или сомнеж за корупција.

Сè е добредојдено. Нашиот новинарски тим соодветно ќе ги разгледува пристигнатите мејлови и постови, а потоа истражува и објавува на Радио МОФ доколку се работи за реални проблеми.

Не се двоумете дали да пратите. Ако замижите за проблем, тој нема магично да се реши сам од себе. Ако пријавите проблем, со вашата одговорност ќе помогнете за развој на средината. Истовремено, ќе ги мотивирате и сите идни општински служби и градоначалници да си ја вршат работата. За тоа се избираат и треба да почитуваат критики, не само тапкање по рамо.

Веруваме дека активизмот се раѓа на локално ниво. Граѓаните со забелешки, идеи и препораки ја создаваат сопствената идеална околина. Тргнуваат од основните проблеми од соседството, од маалото, бидејќи тука почнува дејствувањето на заедницата и настануваат прогресивни проекти.

Веруваме дека со посочување на корените на проблемите и искрен однос кон локалната самоуправа се зголемува меѓусебната доверба, а притоа сите стануваат будни учесници во здрава демократска средина. Тоа е мисијата на #ДрaгГрадоначалнику.

Активистички поздрав до градоначалниците со „најубавото“ од Охрид, Влае и Тетово

Добитници на конкурсот #ДрагГрадоначалнику

[Видео] Пет години „Критична маса“ – пет години дружба и борба за подобар вело-град

„Дотерај го Скопје“: Јавниот простор е показател на граѓанската култура, никој нема директна корист, а е благодет за сите

„Чудовиштето“ кое десет години ја гуши Струга во сопственото ѓубре

Чист воздух, јавен превоз и улици без дупки се работите што им недостигаат на младите во Тетово

Блокада во Валандово – активистите со радикални мерки додека не се закаже референдум

Успеа референдумот во Богданци, преку 95% од граѓаните гласале против рудници

Стружани со протест побараа итно решение за загадувањето од локалната депонија

[Став] Неуставни и незаконски игри со локалната власт

На здравје вода затруена од несовесност и неорганизираност!

Департизација и поголема вклученост на граѓаните за реален развој на општините

Стари филмови во импровизирани киносали – културниот живот е луксуз во помалите градови

Младите за Ѓорче: Ни требаат активности што ќе ги обединат жителите

[Галерија] Со органска храна, уметност и дебата, валандовчани кажаа „НЕ“ за рудникот Казандол

Здружени организации предложуваат мерки за спас од загадувањето

[Инфографик] 37 отсто нереализирани општински средства наменети за граѓанските организации

[Галерија] Герила акција – валандовчани го обележаа патот до канцеларијата каде се собираат потписи

[Фото] Младите од Тетово преку чистење на кејот порачуваат дека и ѓубрето е корисно

[Интервју] Јос Ферхуфен: Идејата за урбанизација на Студенчишко блато е докажано погрешна

Фонтана од 60 000 евра во Неготино – разубавување на градот или промашена инвестиција

[Видео] Да ти нацртам: Кога „фали“ мандат?

Мандатот на Арифи заврши – тетовската „дива депонија“ продолжува да труе

[Видео] Дионис Пашлаков – неготинецот што спасува автомобили од отпад и ги претвора во културно наследство

[Фото] Битола пред 100 години и сега – средношколци со фотографии ги прикажаа последиците од Првата светска војна

„Арсена“: И во гевгелиските села Моин и Богородица се пие вода со арсен

Охриѓани бараат нови филмови во градското кино

„Кој ќе го закопа последниот битолчанец!?“ – фотографии посветени на заболените од рак поради загадувањето

Нова сага со изградба на улицата врз некогашното шеталиште покрај Вардар

Со референдум против новите рудници – Оваа борба е над сите политики