“National Geographic Photo Ark” (Фотографската арка на National Geographic), е проект чија цел е да ги документира сите видови кои живеат во заштитените области и зоолошките во сите краеви на светот, во обид да ги натераат луѓето да се грижат и да ги заштитат овие животни за идните генерации.
Проектот го води фотографот Џоел Сарторе, кој досега има направено повеќе од 6.000 портрети од различни видови во 40 држави.
Изложба на неговите дела моментално се одржува во Зоолошката градина на Мелбурн од јули до октомври. Турата почнува со Австралија, бидејќи најмногу од неговите портрети биле направени таму.
„Џоел Сарторе ги прикажува овие скапоцени видови на толку впечатлив начин, што е тешко да не се биде трогнат од неговите портрети“, вели Џени Греј, извршна директорка на Зоолошки градини на Викторија.
„Некои од видовите се практично непознати, и ова е брилијантен начин да се поврзат посетителите на зоолошките градини и луѓето од светот и да научат за зачувувањето, особено видот на зачувување кој се случува во зоолошките насекаде низ светот“.
Целта е да се создаде колекција на фотографии од проценет број од 12.000 видови низ различни животински класи, меѓу кои и птици, риби, цицачи, рептили, водоземци и без’рбетници.