Литванија е една меѓу првите држави кои понудија задолниште за мажите од Чеченија, кои бегаат поради својата сексуалност.
Во април беше откриено дека властите во Чеченија ги приведувале, мачеле, па дури и ги убивале геј мажите и бисексуалците.
Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, потврди дека владата гарантира азил за двајца мажи.
„Можам да потврдам дека издадовме визи за двајца мажи кои дојдоа од Чеченија, а кои биле гонети поради нивната сексуална ориентација“, изјави министерот за „Балтик њуз сервис“.
Линкевичиус рече дека Литванија е една од првите држави во Европската унија кои се понудиле да им дадат азил на овие мажи, а ги повика и останатите европски држави да го направат истото.