[Галерија] Герила акција – валандовчани го обележаа патот до канцеларијата каде се собираат потписи

Изутринава во Валандово осамнаа стапала и стрелки во црвена боја, кои го означуваат патот до подрачната канцеларија на Државната изборна комисија. Во канцеларијата, почнувајќи од денес, се собираат потписите кои на валандовчани им се потребни да се распише референдум против отворањето на рудникот Казандол.

Државната изборна комисија го уважи барањето на 200 потпишани граѓани дека се исполнети законските услови да се собираат потребните потписи за распишување локален референдум, по што беа известени активистите на здружението „Спас за Валандово“.

Деновиве, околу 150 млади активисти одеа и во околните села, каде ги информираа жителите за последиците кои би можеле да се случат доколку рудникот започне со работа. Дополнително, делеа и флаери и брошури за потпишувањето и за еколошкото земјоделско производство во Валандовско.

Освен собирањето потписи, во Валандово како начин да се каже „не“ за рудникот на 28 мај ќе се одржи и Фестивал на локална храна и локален развој, каде ќе бидат потенцирани предностите на еколошки чисто Валандово без тешка индустрија. Вчера беа објавени и нови постери и флаери, во галеријата подолу.

5

4

3

2

1

6

7

8

9