Скопје, град НаТочак ти ќе бидеш, Скопје ти ќе бидеш Вело! Вртиме напред, моментално се работи на првата велосипедска лента во Скопје, која е спуштена на коловоз и одвоена од автомобилскиот сообраќај, соопштуваат од велосипедската иницијатива „НаТочак“, презентирајќи фотографии од терен.
Како што информира иницијативата, потегот е булеварот „Климент Охридски“, засега.
„Наздравје вртење точакољупци. Одиме понатаму во нови точакољупски победи“, велат од „НаТочак“.