Писатели и уметници од Полска апелираат до властите од оваа земја да го сопрат сечењето на последната европска прашума, објави екологист.мк.
Писмото со потписи од 230 луѓе е испратено до полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерката Беати Шидло и ја оживува владината одлука да ја забрза сечата на шумата Бјаловица во источна Полска, а која е под заштита на УНЕСКО.
Од Министерството за животна средина тврдат дека ги спасуваат најмладите делови на шумата кој ги имаат насадено луѓето како свој придонес во чувањето на шумата. Борците за заштита на животната средина и Европската унија, пак, тврдат дека се сечат премногу дрвја. Меѓу потписниците на писмото се и германската нобеловка Херта Милер.