Kit Kat пауза без интернет

Откако пред извесно време се појави ланец на маркети кој внесува „мирни соби“ во своите продавници, еве уште еден пример со кој компаниите сакаат своите потрошувачи да ги тргнат од напнатото секојдневие и да им дадат малку време за одмор и дружба.

Брендот Kit Kat е добро познат по нивниот слоган „Have a break. Have a Kit Kat“ (Направи пауза, земи Kit Kat), а со последната кампања успеаа да креираат и реална средина за вистинска пауза. На различни локации тие поставија места за одмор во кои нема Wi-Fi конекција, а на овие локации во радиус од 50 метри се блокирани сите wireless сигнали преку кои некој би можел да провери мејл, Фејсбук и воошто да користи интернет.

Извор: http://www.socialideasblog.com/2013/01/20/kit-kat-pauza-bez-wifi/