Точно 16.426 пријавени кандидати од утре до 14 јуни ќе полагаат екстерни испити од државна матура во јунската испитна сесија.
Најпрво за 27 јуни од 10 часот е предвидено полагање испити по мајчин јазик и литература.
Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10.632 матуранти за македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик.
На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15.201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати. Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2.070 матуранти.
Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни. За тест по биологија се пријавени 3445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2900 кандидати, за бизнис 4298, филозофија 3684 и за естетика 193 кандидати.
Според видот на образование, 8.274 од вкупниот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7.881 од средно стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.
Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит (14 јуни).