Електро-брејк продуцентот од Србија, Алавукс (Alavux) е номиниран за најдобар продуцент на годинешното издание на меѓународните брејкбит награди – Breakspoll. Тој се најде во многу силна конкуренција во која се продуценти кои важат за легенди на овој звук: Evil Nine, Elite Force, Ed Solo, Lee Coombs, Plump DJs и други. Тој е исто таа номиниран и во категоријата најдобар ремикс со траката – “Direct Control – I drive my spaceship (alavux elektroid remix)
Алавукс, кој неколку години живее и работи во Скопје, ја објаснува неговата музичка визија како: спојување на електро , техно и необични звучни елементи познато како музика. Заедно со уште неколку продуценти од Србија, тој го води електро -лејблот Е-75. Алавукс досега има издадено музика за низа реномирани издавачки куќи кои го негуваат електро-брејк звукот: Тoy Friend Music, Twilight76, Digital Distorsions итн. Неговите изданија се поддржани од многу познати светски диџеи, меќу кои и Dave Clarke и Laurent Garnier.
Гласањето за годинешниот Breakspoll е отворено и трае до 11 февруари.
Алавукс е исто така и водител на музичката емисија Електромагнетни Бранови која се емитува секоја втора сабота на Радио МОФ.