Во осмиот подкаст од серијата „Skills that pay the bills“ се фокусираме на процесот за менаџирање и развивање на проект, како алатка за поттикнување промени во општеството.
На темата разговаравме со Даниела Стојанова, национален проектен координатор на програмата за развој на граѓанско општество „Цивика Мобилитас“.
Исто така, зборувавме со Тамара Тодоровска од консулнтантната фирма „Епицентар интернационал“ и со Сања Божовиќ, тренер по обуката за „Менаџирање на проектен циклус“.
Целта на подкастот „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младинa.
Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“. Спроведуван е од Младински образовен форум и Институтот за европска политика (ЕПИ), а е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).