Драгана Јакимова ја понесе титулата Microsoft Office Specialist на Македонија. Таа ја освои една од најпрестижните титули за младинците од 13 – 22 години на светско ниво, во ранг на познавачи на компјутерски вештини.
Полагани беа 1205 квалификациски испити за Word, Excel, Power Point од MS Office 2013 и 2016, во две етапи кои ги исфилтрираа најдобрите 400 учесници. Четириесет од нив влегоа во финалето на вториот по ред Microsoft Office Specialist натпревар кои дененс се натпреваруваа во i-Bank store- концептуалната филијала на Стопанска Банка АД – Скопје.
Јакимова ќе патува на светското првентство во Калифорнија во придружба на нејзината менторка Павлина Атанасова.
Вториот Национален натревар е реализиран со поддршка на: Министерство за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Семос Едукација, Microsoft Македонија, Здружението на Информатичари на Македонија, Стопанска Банка АД – Скопје, Лајкамобајл Македонија, Град Скопје, Макпетрол, Масит, Архивскиот центар Инбох и Метрополис Радио Мрежа.