Натпревар во Малезија бара најдобро видео за „геј превенција“

Малезиската влада распиша конкурс за најдобро видео кое би помогнало во „превенција“ на хомосексуалноста.

Натпреварот, отворен од страна на Министерството за здравство, нуди 1.000 долари за најдобрите видеа кои би го разработувале проблемот со „родовата збунетост“.

Како одговор на поплаките од ЛГБТ активистите во земјата, министерството за здравје изјавило дека целта е да промовира креативност, а не да дискриминира.

Натпреварот се однесува на лица од 13 до 24 години.

Нивните видеа треба да се однесуваат на превенција и контрола, проблеми и последици или како да се добие помош, пишува на веб страницата на министерството.

„Овој натпревар на креативни видеа има за цел само да вроди знаење и креативност кај адолесцентите за сексуалното и репродуктивното здравје, а нема за цел да биде дискриминирачки кон некоја одредена група“.

Натпреварот, кој завршува на крајот од август, има три главни категории: „родова збунетост“, секс и сексот и интернетот.

Под „луѓе кои патат од родова збунетост“ се наведени „геј мажи, лезбејки, трансродови луѓе и девојчиња кои изгледаат како момчиња“.

 

„Самиот факт дека ги сместуваат ЛГБТ лицата под категорија наречена „родова збунетост“, покажува дека властите се и самите многу збунети“, вели активистот Панг Ке Теик.

„Неверојатно е дека владина агенција сака целата земја да биде обземена од оваа збунетост“, додава тој.