Најпознатиот уличен уметник, Бенкси, им понуди на обожавателите бесплатен принт од свое дело, доколку гласаат против Конзервативната партија на парламентарните избори.
Уметникот, чиј идентитет е сè уште непознат, во објава на својата веб страница им понудил на гласачите од Бристол да му пратат фотографија од своето гласачко ливче, покажувајќи дека гласале против Ториевците, за да добијат на подарок уникатно уметничко дело.
„Едноставно пратете фотографија од вашето гласачко ливче на денот на изборите, покажувајќи дека сте гласале против кандидатот на Конзервативците, и ќе ви биде испратен по пошта подарок“.
Графитот за кој се работи е иконичниот „Девојче со балон“, но балонот е обоен во знамето на Обединетото Кралство. Бенкси вели дека ќе биде објавен на 9 јуни.
Сепак, критичарите потенцираат дека акцијата е противзаконска, бидејќи гласовите мора да останат тајни, а е и прекршување на законот против мито.
Сепак, Бенкси се правда: „Овој принт е парче сувенир од кампањски материјал и на ниеден начин нема за цел да влијае на изборот на електоратор. Нема монетарна вредност, за цел има само да забавува и строго не треба да се препродава“.