По повод Меѓународниот ден на јогата, во сабота (24 јуни) ќе се одржи повеќечасовен јога хепенинг во Скопје, во Градски парк – Школка. Настанот го организира Индиската Амбасада од Софија, во соработка со македонските јога друштва и школи и пријателите на Индија,со почеток во 9 часот со јога програма.
Во текот на настанот, јога друштвата на свој начин, ќе ја доближат и претстават јогата од свој агол како здрав начин на живот преку теорија, јога вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација за возрасни и деца.
Според програмата, терминот од 9 до 10 часот е резервиран за Јога – арт презентација, по што ќе следи Јога за деца, за од 11 часот до пладне настанот да продолжи со Јога протокол и медитација. Влезот е слободен, а организаторите препорачуваат сите посетители со себе да носат подлога за вежбање, вода и удобна облека.