Вселенската агенција на САД го најави откривањето на 219 нови потенцијални планети надвор од нашиот соларен систем.
Во бројката се вклучени и 10 кои се „каменести“ како Земјата и кои постојат во „зоната Златикоса“ на нивниот сончев систем, односно ниту преблизу, ниту предалеку од нивната ѕвезда. Поради тоа, не е ниту премногу жешко, ниту премногу студено за да постои вода во течна агрегатна состојба.
Постоењето на вода се смета за клучен фактор за постоењето на живот.
Преку „твит“, НАСА вели: „Научниците преку користење на НАСА Кеплер идентификуваа 219 потенцијални нови светови!“.
Откритијата придонесуваат за вкупниот број на потенцијални егзопланети – или планети надвор од нашиот сончев систем – пронајдени од вселенскиот телескоп Кеплер, да биде повеќе од 4.000.
„Овој претпазливо измерен каталог е темелот за директно да се одговори на едно од најголемите прашања на астрономијата – колку планети како нашата Земја има во галаксијата?“, вели Сузан Томпсон, истражувачки научник во Инсититутот СЕТИ, кој бара знаци за вонземски живот.
НАСА потврди дека „сега има 4.034 планети кандидати, идентификувани од Кеплер, од кои 2.335 се потврдени како егзопланети. Од речиси 50 планети со големина слична на Земјата кои се населиви, а беа откриени од Кеплер, повеќе од 30 се потврдени“.