Неколкумина познати новинари и активисти во Мексико поднесоа тужба во која ја обвинуваат владата дека ги шпионирала преку хакирање на нивните телефони.
Обвинението се случи после истражување на Њујорк Тајмс, кој тврди дека тие биле следени со „спајвер“ наменет и создаден за следење на криминалци и терористи.
Весникот вели дека пораките испитани од форензички аналитичари покажуваат дека софтверот се користи против критичарите на власта.
Портпарол на мексиканската влада „категорично ги негираше обвиненијата“.
Истражувањето вели дека софтверот, познат како Пегасус, е продаден на мексиканските федерални власти од израелската компанија НСО Груп, под услов дека ќе биде користен само за истрага на криминалци и терористи.
Софтверот може да инфилтрира паметни телефони и да мониторира повици, пораки и друг вид на комуникација, вели Њујорк Тајмс. Исто така, може да ги активира микрофонот и камерата на телефонот, ефективно претворајќи го уредот во „бубачка“.
Но, наместо за користење на потенцијални криминалци, софтверот најчесто се користел за истрага на новинари, анти-корупционери, па дури и адвокати.
Вкупно деветмина поднеле тужба, во која државата се товари со кривично дело шпионажа.
„Агентите на Мексико, далеку од тоа што треба да го прават легално,ги користеле нашите извори, даноци и пари за да вршат сериозни кривични дела“, вели новинарката Камен Аристеги.
Портпаролот на претседателот Енрике Пења Нието ги отфрли сите обвиненија, велејќи дека владата спроведува разузнавачки акции против организиран криминал и закани за националната безбедност, во согласност со законите на државата. Но, тврдат дека тоа не вклучува новинари и активисти.