Следниов викенд (1-3 февруари) во Скопје ќе се одржи вториот модул, односно викенд предавање од програмата Стратешки маркетинг на тема – Пазарни стратегии за одржлив развој, кое го организира Академијата за менаџери.
Целта на овој едукативен модул е да креира свесност кај учесниците за значењето на процесот на планирање и контрола во маркетинг активностите. Акцентот на ова предавање е ставен на стратешката позиција на планирањето и контролирањето во организациската средина. Воедно, учесниците ќе научат како да ги применуваат постоечките аналитички модели и техники, мерки и алатки при планирањето на маркетинг активностите и контрола на нивната имплементација, со цел постигнување врвни резултати.
Предавањето ќе го одржи г-дин Стелиос Кехајас, консултант и редовен професор на магистерските студии за Бизнис администрација наменети за извршни позиции на Меѓународниот факултет — CITY Колеџ при Универзитетот Шефилд, чијашто специјализација во наставата е Стратешки Менаџмент.
Целта на овој едукативен модул е да креира свесност кај учесниците за значењето на процесот на планирање и контрола во маркетинг активностите. „За да можеме да се справивме со конкуренцијата која од ден на ден е сè поголема и поактивна, потребно е преку интегрирање на процесот на стратегиски маркетинг да креираме подобра вредност на нашите потрошувачи, и да бидеме чекор пред останатите. Маркетинг светот се менува со неверојатна брзина и за да се биде дел од новиот бран на идеи и можности, мора постојано да се насочуваме кон остварување на поставената цел која подразбира подобрување на компанискиот перформанс и креирање задоволство кај крајниот потрошувач кој е клучна компонента на стратегискиот маркетинг“, вели професорот Кехајас.
За академската 2012-2013 година, заклучно со месец мај, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии.