Re:generacija – повик за учество во младински проект

повик„Re: generacija“ е проект кој ги поврзува младите од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово, со цел да ги зближи и мотивира поактивно да се вклучат во решавањето на општествените прашања во нивните земји – пред се, проблемите кои се однесуваат на самите нив и на генерацијата на која и припаѓаат. Проектот го реализираат Фонд Б92 (Fond B92), Иницијативата на младите за човекови права на Босна и Херцеговина (Inicijativa mladih za ljudska prava Bosne i Hercegovine (YIHR BH)) и ИПСОС Стратешки маркетинг (IPSOS Strategic Marketing), во партнерство со BBC Media Action и поддршка на Министерствата за надворешни работи на Велика Британија и Норвешка.
Во рамките на проектот, ќе изработиме и емитуваме веб серија за млади и ќе покренеме голема медиумска кампања со цел во јавноста на промовираме и поттикнеме разговор на теми кои се од значење за припадниците на твојата генерација во целиот регион.
Во исто време, ќе организираме мултимедијална обука за десет млади луѓе од регионот, на која ќе се обработуваат различни теми од областа на медиумските кампањи, аудио и видео продукцијата и општествениот активизам.

БАРАМЕ УЧЕСНИЦИ НА ПРОЕКТОТ!
Ако сакаш да патуваш, да запознаваш млади луѓе од целиот регион, да стекнеш нови вештини и знаења, да учествуваш со професионалци во креирањето на веб серијата и на медиумската кампања, и подоцна сите тие искуства да ги споделиш со своите пријатели и да ги употребиш во твојата образовна и професионална надградба во иднина, ПРИЈАВИ СЕ!

УСЛОВИ:
• Да си на возраст меѓу 15 и 18 години
• Да живееш во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија или Косово
• Добро да го зборуваш англискиот јазик
• Да си отворен/а за соработка и размена на искуства со други млади од регионот
• Да сакаш да учиш, да ја развиваш својата личност и да сакаш да градиш одговорен однос кон себе и твојата околина
• Подготвен/а си да одвоиш дел од своето слободно време – по околу 1 час на ден – за учество на проектот во наредните две години
• Да можеш да ги ускладиш своите обврски на проектот со училишните и другите обврски кои ги имаш
• Твоите родители да бидат согласни со твојот ангажман на проектот

ШТО НУДИМЕ:
• Учество на голем и возбудлив проект
• Патувања и познанства со млади луѓе од целиот регион
• Знаење и вештини во областа на аудио и видео продукцијата, општествениот активизам и медиумски кампањи
• Контакти со врвни стручњаци од наведените области

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
• Испрати биографија и мотивациско писмо на англиски јазик на меилот: konkurs@regeneracija.net
• Мотивациското писмо треба да одговори на следните прашања: Зошто сакам да учествувам? Што очекувам од проектот Зошто токму јас сум вистинската личност за проектот?
• Мотивациското писмо треба да биде напишано на англиски јазик, не подолго од 2.000 карактери.
• Рокот за испраќање на биографијата и мотивациското писмо е 5 февруари 2013 година.
• Ако имаш дополнителни прашања, слободно пиши ни на дадената меил адреса.