На фестивалот „Скопско лето“ вечерва на плоштадот „Мајка Тереза“ (плато пред МОБ) премиерно ќе биде изведен балетот „Ла ла ла!“ на кореографката Саша Евтимова. Тоа е нејзина дипломска претстава со која ќе одбележи десет години кореографска дејност.
Претставата во која ќе учествуваат балетски солисти од МОБ е на музика на Драган Ѓаконовски-Шпато, Тодор Бојаџиев, Димитар Масевски и Дуке Бојаџиев.
Се заблагодари на композиторите чија музика е подлога на претставата и без која, како што рече, не би можело да се покаже убавината на Скопје.
Балетската претстава „Заспани убавици“ на Ефтимова пред две години го отвори „Скопско лето“.